January 30, 2023, 9:56 am

ЛЕОНИД САВИН ЗА МАКЕДОНСКИТЕ МЕДИУМИ: Ако Македонија побара, ќе добие било каква помош од Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервјуто за порталот Македонија 365, Савин истакна дека единствено нешто што од последната негова посета е променето е власта, која коа што тој пред две години забележал насилно била променета. Неговата посета заедно со Александар Дугин се должи на поканата на новата политичка партија Единствена Македонија, која се залага за таканаречената Евроазиска унија или движење.

Тој истакна дека нивната цел на посетата не е да се мешаат во други држави и дека единствено македонскиот народ има право да избере во каков сојуз ќе се придружи и со кој ќе соработува.

,,Не е наше да се мешаме во другите држави, а искажуваме категорички дека единствено на Македонија е, и на македонскиот народ, правото да избере во каков сојуз ќе се придружи и со кого и како ќе соработува’’ вели тој.

Савин ја коментираше и Европската Унија која според него мошне лукаво го руши и одзема суверенитетот на секоја од земјите кандидати како и нејзининте членки. Наспроти ова, позицијата на Русија е сосема поинаква.

,,Русија се залага за зачувување на суверенитетот на сите мали земји, за зачувување и самопопределување на секоја од малите земји. Тоа исто важи и за името на секоја од земјите, како што денес тоа е, за жал, проблем, европски проблем со негирањето на името на Македонија’’ додаде тој.

За крајот тој потенцираше дека иднината на Македонија може да биде или добра или лоша, а се зависи од решенијата на суштествените прашања.

,,Македонија сега може да чека добра или лоша иднина, зависно од своите желба, но и зависно од своето решение по прашањата кои се приоритетни и суштествени. Во таа смисла се работи и за прашањето на вашето име Македонија. Ако по ова прашање или по било кое поприоритетно прашање за вас и вашата иднина, од вашата држава, од вашите државни раководители биде побарана помош од Русија, ние како братски народ, како Русија сме подготвени на било кој начин и на секој начин да ѝ помогнеме на Македонија. Повторувам, во било каква помош’’ вели Савин.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This