ПАПАТА ИМА УНИКАТНА МИТРА ИЗРАБОТЕНА ВО МАКЕДОНИЈА: Подарена од македонската државно-црковна делегација која во 2016 година беше на аудиенција во Ватикан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Папата Франциск кој на 7 мај доаѓа во апостолска посета на Македонија, е сопственик на уникатна митра изработена специјално за него од монахињите во манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица.

Митрата на папата Франциск му беше подарена од македонската државно-црковна делегација која во 2016 година беше на аудиенција во Ватикан по повод чествувањето на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.

Митрата му беше подарена на понтифот на Римокатоличката црква како израз на почит и пријателство на нашата земја.

Станува збор за митра со специфики на македонската култура и традиција, изработена од охридски бисери. Митрата од Рајчица, која е симбол на венецот од трње што бил ставен на главата на Исус Христос при неговото распнување на Голгота, е прва што ја добил папата Франциск и според традицијата на Ватикан е заведена како негова тијара.

Римокатоличките поглавари ги носеле тијарите на денот на нивното устоличување.

Тијарата е стилизирана бикупска митра украсена со три круни. Папите ги носеле тијарите на денот на нивното устоличување уште од 8 век, се до средината на 20 век. Последен пат тијара носел папата Павле VI во 1963 година. Последните тројца папи Јован Павле Втори, Бенедикт 14 и Франциск при устоличувањето не носеа тијари туку обични бискупски митри.

Монахињите од манастирот Свети Георги Победоносец во Рајчица, кој е метох на Бигорскиот манастир, досега имаат изработено повеќе од 700 митри, најмногу за великодостојници на Православната црква.

Митри од Рајчица носат и вселенскикот патријарх Вартоломеј, поглаварот на Руската православна црква Кирил и ерусалимскиот патријарх Теофил.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This