СВИЛЕН ГАЈТАН ОКОЛУ ВРАТОТ НА СПАСОВСКИ: НВО лобито на Шеќеринска „открива“ стари скандали пред најавената реконструкција на Владата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со итната набавка на нови возила за возниот парк на МВР, Оливер Спасовски набавил 45 автомобили Шкода од фирма која во 2016 година донирала огромна сума на пари на СДСМ.

 

Според истражувањето на БИРН, кое ги потврди информациите на Инфомакс кои беа изнесени пред пет месеци милион евра донирани од Република Чешка биле искористени за итна набавка на возила за потребите на МВР. Чешка ги донирала парите како благодарност за успешното справување со мигрантската криза и како понатамошна помош за некој нов можен бран на бегалци.

За оваа набавка пишуваа медиумите уште минатата година во октомври, а набавката беше и таргет на неколку прес конференции на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ обвини дека ,, партијата на власт преку институциите ги враќа парите на фирмите што им донираа. Автомобилите се набавени од дарежливиот сопственик на ,,Делукс-ауто’’ во Куманово. Дополнително сопственикот на ,,Делукс Ауто’’, Бобан Спасовски дал попуст за услуги на партијата на влас. Наместо тендер оваа зделка е договорено во четри очи без никаква транспарентност.

Ова не е единствен случај каде компанијата добила зделка со луѓе блиски до СДСМ, според веб архивата на Бирото за јавни набавки, Делукс ауто добила тендер за продажба на резервни делови на кумановското Јавно Претпријатие Чистота и Зеленило кое е под капа на Општина Куманово. Фирмата пак на сопругата на Бобан Спасовски со слично име Делукс добила тендер за превоз на деца со посебни потреби во Куманово.

Интригантно е што овој настан провладините медиуми го објавуваат токму пред најавената реконструкција на владата, односно цели 4 месеци им беа потребни да обелоденат еден скандал од вакви размери. Очигледно е дека ова е само последниот директен напад врз Оливер Спасовски и неговата министерска и вицепремиерска фотеља. Во јавноста веќе подолг период се зборува за борба за превласт помеѓу Спасовски и Шеќеринска.

Бидејќи Зоран Заев на очиглед на сите подолго време е надвор од државата отколку во премиерската фотеља, вице премиерите Спасовски и Шеќеринска се борат за гола власт и контрола на државата во отсуство на Заев. Според шепкулациите во јавноста, колатерална штета на нивната борба беше и советникот на Спасовски, Драган Симоновски чие апсење го спроведе директорот на БЈБ Велковски близок соработник на Радмила Шеќеринска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This