СЗО: Hacтaвницитe и вpaбoтeнитe вo yчилиштaтa тpeбa дa имaaт пpиopитeт зa вakцинaциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наставниците и вработените во училиштата треба да добијат приоритет за вакцини против Ковид-19, бидејќи училиштата мора да останат отворени за учениците, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ.

Мерките за да се осигури дека училиштата можат да останат отворени „вклучуваат нудење на наставниците и другите вработени во училиштата вакцина против Ковид-19 како дел од целните групи на население во националните планови за вакцинација“, наведуваат агенциите на ОН во соопштението.

Додека училиштата се отвораат по летните одмори, агенциите наведуваат дека е „од витално значење учењето во училница да продолжи непречено“, и покрај ширењето на позаразната варијанта Делта на коронавирусот.

– Ова е од огромно значење за образованието на децата, менталното здравје и социјалните вештини, за училиштата да помогнат со цел нашите деца да бидат среќни и продуктивни членови на општеството, нагласи директорот на европскиот регион на СЗО, Ханс Клуге.

– Пандемијата го предизвика најкатастрофално нарушување во образованието во историјата, додаде тој.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This