Станува збор за одлуките за помилување донесени од претседателот на 12-ти април, што Иванов ги повлече на 6-ти јуни годинава. Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена по нивното објавување.
Уставниот суд одлучи- останува поништувањето на аболицијата. Судиите оценија дека одредбите се надвор од правниот поредок и не можат да бидат предмет на оценување на уставноста.
Станува збор за одлуките за помилување донесени од претседателот на 12-ти април, што Иванов ги повлече на 6-ти јуни годинава.
Иницијативата за оценување на уставноста беше поднесена по нивното објавување.
Во периодот додека беа во сила помилувањата, беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето.