Ја продадоа и Радика

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Пило, заедно со тројца непознати албански државјани, како мнозински сопственик ќе ја основа компанијата „Радика ресорт“ откако ќе го купи стариот имот на загубарот Железара, а дополнително низ годините ќе се стекне со 170,000 квадрати државно земјиште во 2006та, пишува ИРЛ.

Александер Пило е се’ освен „обичен“ човек. Тој е еден од најбогатите 10 Албанци во државата. Поседува медиуми, шопинг и забавни центри на најатрактивните локации во земјата, фирми за финансиски и банкарски услуги, а преку фирмата „Емигрос“ врши и други активности, како инвестиции на крајбрејжјето во Албанија.

Во селото и во јавноста инвеститорот ќе биде споменуван единствено во кафеанските разговори, а на него ќе се реферира со зборовите „некој бизнисмен од Тирана“.

Пребарувајќи низ јавните списи во Македонија, Албанија и Косово, ИРЛ ја мапираше сопственичката структура од основањето до денес. Претрагата покажа дека „Радика ресорт“ го купуваат едни од најбогатите луѓе во Албанија и контроверзни банкарски имиња.

Ним подоцна им се придружува и косовски државјанин со име Шериф Рамука којшто од 2017 ја презема целата компанија. ИРЛ открива дека идејата за ресортот почнува со еден од најбогатите жители на Албанија којшто ќе го изработи проектот и ќе го дотурка до првото одобрение за градба пред да ја продаде компанијата на Рамука. Од зделката профитира и фирма на поранешен директор на јавно претпријатије на ДУИ од Гостивар.

Приватното село од 87 типски луксузни вили кои ќе се продаваат од 220.000 до 300.000 евра прв го замислил еден од најбогатите луѓе во Албанија. Тој бил и газда на најугледниот хотел во Маврово Леуново. Тој прв ги рушел административните бариери за следниот сопственик да започне со реализацијата.

Новиот косовски стопанственик е омразен кај еколошките активисти поради неговите зделки со малите хидроелектрани во Косово.

ЛИНК до објавеното истражување на ИРЛ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This