April 30, 2024, 11:17 pm

(Видео) Бетмен ВелиТ: Лудница!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најновата епизода од „Бетмен ВелиТ“ на Инфомакс, Бетмен Илиевски направи краток рекапитулар на изборниот процес, и настаните кои следеа по катастрофалниот пораз на владеачката коалиција на чело со СДСМ.

Пред првиот круг на локалните избори, Зоран Заев тврдеше дека тој и СДСМ се најдоброто за Македонија, и дека ќе згазат на изборите. Или, како што прогозираше Заев од Гази Баба, опозицијата ќе освои шест, додека СДСМ ќе добие најмалку 22 градоначалнички места.

Слушајте ми зборот, добро сум упатен, добро информиран, 22 на 6 во првиот изборен круг“, изјави тогаш Заев.

Наместо ваков епилог, се сличи потоп, односно Зоќе ја погреши прогнозата, да не речам, не дај боже излажа, коментира Илиевски.

Дали му побараа во партијата оставка за оваа лага? Не. Туку вечерта самоуверено, на прес конференција соопшти лажни резултати дека воделе и победувале во 30 општини во вториот круг, вклучувајќи го и град Скопје.

Дали за ова во партија му побараа оставка за оваа лоша проценка или лага? Повторно не.

Одиме понатаму.

Откако резултатите станаа евидентни, се појави еден краток документарен филм, посветен на разврската од првиот круг на локалните избори, каде Љупчо Николовски изјави дека СДСМ победува, или има сигурно водство во над 27-8 општини.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ нерационално се обидува да конструира лажна еуфорија, е показател за политичката неукост на Мицкоски. Локалните избори секогаш имаат и втор круг. Затоа, кочи Мицко“, изјави Николовски.

Но ништо не можеше да го закочи поразот, колку и потсвесно да замолуваа по првиот круг. Но тогаш на сцена повторно стапи Зоки и реши дека тој, самиот, ќе ги победи сите. И се закани дека во вториот круг на изборите, особено на изборите на град Скопје, ја заложува неговата политичка кариера, или како што изјави Заев:

„На 31 е all in. Се носи одлуката. Ова не е закана, ова е чесно споделување на чувствата“, рече Заев во телевизиско гостување пред вториот круг.

Зоќе појасни дека ќе си поднесе оставка како премиер бидејќи не можел да биде премиер на земја, во која, замислете, има градоначалници од ВМРО.

И што се случи? Мнозинството во вториот круг одлучи дека не сака повеќе очи да му види и да го гледа на чело на владата.

И тој пораката, наводно, ја прими, и уште вечерта ја најави својата оставка и од Влада и од СДСМ.

Заев најави оставка, но не ја поднесе. Па сите опозициски партии седнаа на маса и се договорија дека со нивните 61 пратеник вкупно, ќе се обидат да изгласаат недоверба на владата. И до утрото на гласањето, потписите на 61 народен пратеник стоеја на листот со кој се влезе во собрание. И неколку минути пред почетокот на седницата дојде првото чудо, еден од пратениците кои се потпишаа против корумпираната влада го снема. Мистериозно исчезна. Пратеникот Кастриот Реџепи на чуден начин се премисли на самиот ден на гласањето и реши дека владата не била криминална и корумпирана. Сигурно му докажале другарчињата од Владата со некриминални и некорумпирани методи дека бил во заблуда. Го освестиле, го отрезниле, да не прави глупости поради кои ќе му биде после мака. Како Зоки кога дели оставки, па мора да не си ги прифати и да прави вакви чуда низ парламентот. А вакви чуда се виделе и порано во Македонија, во времето кога главен актер бил, бог да го прости, Амди Бајрам.

Постојат сличности меѓу двајцата, кои се повеќе од очигледни.

И за циркузот да биде комплетен, откако беше киднапиран потписот на пратеникот Кастриот Реџепи, Заев и СДСМ решија да направат нова димна завеса, за да се заборави на катаклизмата која им се случи на локалните избори и директното гласање на граѓаните против Заев. Па решија дека времето ќе го сметаат од денот кога исчезна Кастриот Реџепи. А оние ситници како пораката од народот дека Заев треба да замине, ќе се заборават бидејќи, како беше, оние који не го сакаат Зоќе се злото. И тука на сцена настапија лакеите на Зоки, луѓе кои што среќни и горди јавно промовираат тоталитаристичко тотемизирање на еден човек, идолопоклонство кон нивниот лидер и веројатно сметаат, исто како и тој, дека сите кои не го сакаат Зоќе се злото. Односно дека народот е улав бидејќи гласал протиб Заев, а тие се генијалците па те сега ќе го дисциплинираат народот за поразот на изборите. Но не се сетија на најјакото решение, па да побараат директно оставка од народот туку решија да бараат оставка од човекот кој ја предводеше екипата која ги потепа на избори.

Не бараат оставка од оној кој си ја вети, а не ја поднесе, туку бараат од оној кој ги победи на избори, затоа што мафијашите превоспитаа и исчезнаа пратеник од парламентот па ја спасија владата за сега. Неверојатно но вистинито, особено кога доаѓа од луѓе кои без ич срам му ги дуваат цитроните на својот лидер.

Изјавите одат до таму што Дарко Каевски, во една прилика изјави дека ќе дојде време кога, како што нашите родители ни раскажувале за Тито, ќе им раскажуваме на нашите деца дека сме живееле во времето на Зaев, кој ги решил децениските проблеми…

Да сумираме.

Заев ја однесе СДСМ во пораз. Рече дека не може да води влада ако градовите ги водат градооначалници од ВМРО и ја заложи својата кариера ако не е гласан, и сакан од народот, па изгуби, рече и дека е разочаран од одлуката на народот рече дека сите кои гласале против СДСМ го поддржуваат злото. Рече и дека му е тешко да прифати дека луѓето не го сакаат.

И кога е нешто тешко за прифаќање, со помош на трикови и магии, ќе си прави нова реалност, во која не тој, туку Мицкоски требалоо да поднесе оставка, затоа што го победи на избори, бидејќи, не успеал да му ја урне владата откако чудата власт на Заев го превоспита збунетиот Катриот Реџепи. Останува уште Богданка да си побара сама оставка од себе за лагите кои таа ги изнесуваше на митинзи..

Добро бе, не ви незгодно од самите себе?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This