Полски војник на границата со Белорусија убиен во „пријателски оган“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полски војник распореден на границата со Белорусија загинал од пријтателки оган, објави во саботата вечерта портпарокот на полските безбедносни сили.

„Според прелиминарните сознанија, се случило пукање од воено службено оружје, што резултираше со смрт на војник. Трети страни не биле вклучени во настанот“, се наведува во соопштението на компанданот на единицата на убиениот војниј, кое на Twitter го објави портапролот Станислав Зарин.

Во информациите се наведува дека настраданиот војник припаѓал на 17-та механизирана бригада на полската војска, како истрагата за инцидентот ја водат воената жандармерија (полиција) и обвинителствоот на областа Белсток.

„Војникот служеше во рамките на караулата, тој не извршуваше директни задачи на полско-белоруската граница. Беше распореден на границата пред повеќе седмици и од тој момент немал контакт со мигрантите“, информираше командата.

Полска која последниот период се соочува со голем прилив на мигранти од Блискиот исток, главно ирачки Курди кои се обидуваат да ја пробијат со бодликава жица оградената полско-белоруска граница распоред над 15.000 војници вооружени, меѓу другото, и со тешко оружје и противвоздушни системи.

Од почетокот на годинава полските граничари спречиле повеќе од 33.000 обиди за илегални премини на полско-белоруската граница, што е за 370 пати повеќе од минатата година. Ситуацијата ескалираше во понеделникот кога неколку илјади мигранти се приближија до граничната линија во обидот да навлезе на полската територија, а следните денови тоа ѝ успеало на група од неколку стотина лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This