Трпковски: Сoпиштe ќe дoбиe пpeчистителна станицa, дeтскa гpaдинка и Дoм нa кyлтуpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваме со инфраструктурата и иако е 21 век се уште се расправаме со канализација, со водоводи, со патишта. Во последните осум години асфалтиравме, реконструиравме повеќе од 30 километри асфалтни улици, со тоа што ја подобривме комуникацијата со градот Скопје. На тој начин станавме доста атрактивна општина за живеење, и самото тоа носи свои предизвици, истакна Стефче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште во утринска емисија на Алфа телевизија

Трпковски додаде дека ветените проекти во ек на изборна кампања мора сега да се реализираат.

-Добро е што од самиот почеток почнуваат првенствено со реализација на проекти онака како што мислам дека е добро за да се функционира. Јас на новите градоначалници им советувам да си започнат веднаш со работа, појасни Трпковски.

Трпковски посочи дека во Сопиште има континуитет така да во моментов се реализираат доста проекти меѓу кои би ги одвоил некои како што е пречистителна станица од канализациски систем во населено место Ракотинци. Тоа започна да се гради пред една седмица.

-Потоа следен проект е отворање на детска градинка, некаде околу 30-ти ноември очекуваме технички прием да се направи. Тука би го споменал и Културниот дом, Дом на културата во населено место Сопиште. Периодов се подготвуваме за зимско одржување затоа што во Сопиште може за една ноќ да падне и половина метар снег, рече Трпковски.

Трпковски истакна дека голем акцент се става на изработка на техничка документација која што ќе биде основ и за изнаоѓање на средства за реализација и реализација штом почне градежната сезона од пролет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This