„Аватар“ двa пaти ja изигpyвa дpжaвaтa зaтoa штo ce блиcки до Заеви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ излезе со реакција дека струмичкиот локал Аватар, кој Пазарната инспекција го затвори на 21 јули годинава, два пати ја изигрува државата затоа што, како што велат од најголемата опозициска партија, клубот е близок до семејството Заеви. Аватар повторно е отворен и во објектот на големо се прават журки. На фејсбук се споделуваат видеа од забавите кои се организираат таму.

„Дискотеката „Аватар“ е над законите зошто е заштитена од мафијата на Заев.

Една иста компанија два пати ги изигрува законите и процедурите зошто јавна тајна е дека е блиска до семејството Заеви. Но, таквата разузданост се плаќа со здравјето на граѓаните.

Тоа е и доказ за неспособноста на министерот за смрт и зараза Венко Филипче кој не е способен да ги дефинира и спроведе протоколите за здравствена заштита.

Тежок дебакл за институциите е да се дозволи корона кластер и тоа на два пати една дискотека да ги изигрува правилата и законите во државата. Таквата слабост е показател дека со државата владее мафија.“, гласи реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во изјава за Фактор, директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски, вели дека во периодот додека „Аватар“ бил затворен, некој го поучил дека ниту до крајот на годината нема да добие дозвола за работа како ноќен клуб, заради што се пререгистрирал.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This