Авганистанците ќе добија специјален автобус за да можат да се шетаат низ Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На ниту еден од 149-те авганистанци кои пристигнаа во Скопје не им е забрането излегувањето од хотел „Белви“, каде што се сместени, ниту пак им е ограничено движењето низ градот и државата, велат од Влада за „Слободен печат“.

Мигрантите кои дојдоа од Авганистан имаат 90 дневна виза за престој во државава. Се очекува дека тоа е доволно време за да ги подготват сите потребни документи и да заминат на нивната крајна дестинација. Од друга страна, со самото регулирање на нивниот престој, се регулира и нивното право на слободно движење, одговорија од Владата.

Нивниот престој сепак го обезбедува МВР, за како што велат, да нема постојан контакт со населението или новинарите.

Станува збор за мирољубиво население на кое нашата земја му пружа безбедност, и поддршка за време на престојот. Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност ги извршуваат сите оперативни, безбедносни и административни процедури во соработка со странските партнерски служби, дополнуваат од Владата.

На паралелата на медиумот со мигрантите сместени во прифатните центри, на кои им е забрането да ги напуштаат центрите, им беше укажано дека ниту една споредба не е возможна затоа што се работи на различна категорија на граѓани.

Мигрантите од Авганистан кои добија 30 дневен престој се соработници на НАТО, американската војска, па дури и на нашата војска која беше на мисија во Авганистан, додека останатите мигранти сместени во прифатните центри немаат регулиран статус ниту престој, поради што не смеат да ги напуштат капацитетите каде што се сместени, објаснуваат од МВР.

За полесно движење на мигрантите Црвениот крст на Град Скопје е во преговори со Градот, за да обезбеди автобус кој два пати во текот на еден ден ќе тргнува и ќе се враќа во Белви, а уште првиот ден им биле поделени мапа на градот и брошура.

-Бидејќи движењето на лицата сместени во хотел Белви не е ограничено, ние се потрудивме како добри домаќини да го направиме нивниот престој попријатен. Има и такви кои самоиницијативно со сопствен превоз се прошетаа до центарот на Скопје, но за останатите кои не се во можност се обидуваме да организираме посебна автобуска линија, вели секретарот на Црвен крст на Град Скопје, Сузана Тунева Пауновска.

Целата сторија на „Слободен печат

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This