Авиокомпанија нуди венчавки во лет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британската авиокомпанија „Ер чартер сервис“ отсега ќе нуди т.н. „венчавки на небото“, односно организирање свадба во авион.

Компанијата нуди резервации за помали свечености во своите приватни авиони. Во услугата е вклучена храна и пијалак, како и превоз до дестинацијата за „меден месец“. Младиот брачен пар – можат да летаат сами, но и со одреден број гости.

Цената се движи во просек околу 28.000 американски долари, а авионот може да прими 16 патници.

Пакетот, исто така, вклучува лимузина со возач кој ја вози двојката до аеродромот. Натаму – шампањско, музика и цвеќиња за украсување на авионот. Има и поскромна опција која чини 18.000 американски долари, а вклучува свадба без гости.

„Ер чартер сервис“ изведува околу 23.000 чартер-летови годишно и има претставништва на сите континенти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This