Авокадо чизкејк – новиот модерен десерт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Честопати истакнуваме дека трендовите во светот на модата и убавината се менуваат со неверојатна стапка,но ништо не е поразлично кога станува збор и за кулинарството.

Инстаграм е полн со слики од тропско овошје, кое можете да го подготвите на многу начини! Иако почесто се подготвува во солени јадења, авокадото е всушност тропско овошје кое потекнува од Централна Америка. Поради грубата текстура и обликот, ова овошје го носи колоквијалното име „алигаторна круша“, а покрај својот изглед, авокадо се здоби со популарност заради бројните придобивки од него. Така, ова овошје е особено корисно за оние со проблеми со срцето, а исто така е одлично за забрзување на метаболизмот и регулирање на варењето на храната. Иако авокадото најчесто се подготвува во форма на салата или како главна состојка во разни сосови, ова овошје одлично се вклопува и во десерти, а вистинскиот доказ за тоа е чизкејот од авокадо.

Потребни состојки:

400 грама мелени бисквити, 200 грама путер, eдно авокадо, 500 грама урда, 1/4 чаша сок од лимета, 200 грама шеќер во прав, 1 лажица масло од кокос, рендана кора од лимон.

Подготовка:

Започнете со лесно мешање на путерот и мелените бисквити додека не стигнете до соединета смеса. Потоа, ставете ја смесата во калапот за торта и добро израмнете ја со рацете и ставете ја во фрижидер.

Додека основата се лади, излупете го авокадото, кое треба да биде малку помеко за да може кремот да биде што е можно поедноставен, и исецкајте го во блендер заедно со сокот од лимета. Во друг сад, измешајте ја урдата, шеќерот во прав, кокосово масло и изрендајте кора од лимон. Потоа добро измешајте со миксер.

Комбинирајте ја мешавината на авокадо и сирење во една смеса и измешајте додека не постигнете кремаста текстура, а потоа раширете ја на оладената претходно попдготвена смеса.

Ладете ја во замрзнувачот најмалку два часа. Извадете ја тортата 15 минути пред сервирањето, а потоа уживајте во овој кремаст десерт!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This