Австрискиот канцелар поднесе оставka

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави дека ќе поднесе оставка веднаш штом биде избран новиот шеф на Австриската народна партија, на која и припаѓа.
Шаленберг беше избран за канцелар на 11 октомври, по оставката на Себастијан Курц.
„Сметам дека и двете позиции, шеф на владата и шеф на владејачката партија, треба да ги извршува исто лице“, рече Шаленберг.
Пред изборот за канцелар, Шаленберг беше министер за надворешни работи на Австрија.

Според прогнозите на медиумите, следен на оваа функција ќе биде актуелниот министер за внатрешни работи Карл Нечамер, кој треба да го замени Себастијан Курц на чело на партијата ОВП.
Поранешниот премиер Себастијан Курц најави дека ќе ја напушти политиката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This