АГИМ НУХИУ НА ОТЧЕТ ВО ГРЦИЈА: Објаснуваше до каде се промените во врска со новото име!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во интервју за третиот канал на грчката државна телевизија ЕРТ, ги објасни промените што веќе се направени, но и оние што следат во врска со новото име.

На почетокот на прилогот на ЕРТ3, како што пренесува МИА од Атина, Нухиу го покажа печатот што веќе се става во македонските пасоши.

„Ги направивме сите промени на таблите на влезовите во нашата земја со нашето име. Исто така направивме други промени во однос на печатите во сите служби на МВР, вели Нухиу.

Во однос на регистарските таблички на возилата, новинарот во прилогот објаснува дека и тие ќе бидат променети во следните четири месеци, додека, пак, заменик-министерот го објаснува решението за преодниот период.

„Имаме решение за преодниот период. Подготвивме т.н. бесплатни лепенки за сопствениците на возила додека да го имаме новиот сообраќаен код на земјата, објаснува заменикот министер за внатрешни работи“, Агим Нухиу во интервјуто за ЕРТ3, пренесува МИА.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This