Ако Заев нe мoжe дa пpeгoвapa зa вakцини нeкa пoбapa пoмoш, чecнo e дa кaжe дeкa e нecпocoбeн

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев наместо да се фати за работа, оди по соседството и се моли за вакцини. Вакцини не доби од Грција, не доби ниту од Бугарија, а вакцината која како милостиња му ја даде Вучиќ уште не е стигната ниту во Србија, а Заев побрза да се пофали дека измолил вакцини кои друг ги договорил, нарачал и платил, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Да го послушаше Заев ВМРО-ДПМНЕ требаше да стапи во контакт со светските производители уште при крајот на претходната година, кога тоа го правеа сите земји од регионот и светот. Но тогаш Заев се надеваше на донации, и наместо да се фати за работа тргна да моли. Вакцини сега пристигнуваат секаде, само нема во Македонија. Регионот забрзано се вакцинира, а Заев ги лиши нашите граѓани од правото да се вакцинираат, велат од партијата.

Оттаму додаваат дека бараат веднаш да се запре со циркусот и да се фати за работа. Доколку не може да испреговара за вакцини нека побара помош, чесно е да каже дека е неспособен.

-Народот умира по болнички ходници, додека се чека вакцина. Ситуацијата бара сериозност, се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This