Ако Заев пак не се предомисли: Владата од утре во оставка – Собранието без еден потпретседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Редовната седница за пратенички прашања се очекува да почне со констатирање на оставката на Заев, доколку тој ја поднесе во текот на денешниот ден во Собранието, како и со оставката на Фадил Зендели од Беса од потпретседателската функција во законодавниот дом.

Со констатирање на оставката на премиерот Зоран Заев се очекува да почне утрешната редовна собраниска седница за пратенички прашања, доколку тој во текот на денешниот ден го извести и формално-правно парламентот дека заминува од функцијата.

Оставката на Зоран Заев сè уште не е стигната во Собранието, каде што се оддржа годишното обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Според најавите, можно е Заев да ја достави оставката по обраќањето на Пендаровски, но речиси извесно е дека таа нема да биде констатирана веднаш, со оглед на тоа што за денеска не е закажана нова собраниска седница.

Првата нова седница е утре и тоа е седницата за пратенички прашања, за која собраниски извори велат дека е неизвесно дали ќе продолжи, со оглед на тоа што со констатирањето на оставката на Заев ќе биде во оставка целиот негов кабинет, кој, сепак, останува на должноста се до изборот на нова влада.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This