АЛАPМАТНА СОСТОЈБАТА, ФИЛИПЧЕ НЕ ПРЕВЗЕМА НИШТО:Само еден лекар прегледува деца и возрасни сред епидемиjа на морбили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ха ос во ходниците на поликлиника „Јане Сандански“, каде што во попладневната смена вечерва има само еден општ лекар што ги прегледува и возрасните и децата, а има и деца кои се јавуваат на преглед со осип, сведочат пациенти за „Макфакс“.

Тие се вознемирени поради фатот што денеска Министерството за здравство објави дека има епидемија на сипаниците морбили и се зачудени зошто нема дежурен педијатар, каде што ќе се прегледуваат само децата и ќе се намали риз икот од ширење на болест а. Видлива е нервозата кај сите пациенти кои за преглед чекаат и повеќе од еден час во тесната чекалница пред амбулантата.

Само еден лекар прегледува деца и возрасни сред епидемија на морбили

„Како е можно да нема педијатар што ќе се погрижи само за децата? Забележавме деца со осип и навистина се плашиме дека вака може сите да се зараз име“, вели еден од повозрасните пациенти.

Минатата недела министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека од 1 јануари во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови.

Беше најавено дека овие пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит-пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи ги и лабораториите за испитување крв и урина, кои ќе работат секој ден до 23:30 часот.

Но, ноќните педијатриски пунктови засега останаа само на најава.

На денешната прес-конференција, која се одржа по координативниот состанок за справување со новите случаи на заболени од сипаниците морбили, Министерството за здравство прогласи епидемија. Препораките се однесуваа на тоа од утре децата што не се вакцинирани да не бидат носени во градинките и дека во спротивно родителите ќе бидат правно санкционирани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This