April 28, 2024, 12:05 am

Албанија утре почнува со вakцинација, соопшти предмалку Еди Pama

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама на „Фејсбук“ објави дека од утре започнува вакцинацијата против ковид-19 во Албанија.

Добри вести! Утре започнуваме со антиковид вакцинација, напиша тој.

Пред неколку дена рече дека вакцинацијата ќе почне третата недела од јануари, но можно е и порано.

Се наоѓаме во реално многу позитивна фаза кога станува збор за перспективата на овој почеток. Ќе почнеме третата недела од јануари, се надеваме уште побрзо. Обезбедивме 500.000 вакцини и ова значајна акивност ќе се одвива според утврдениот календар, рече Рама пред пет дена.

Повтори дека со почетокот на вакцинацијата, во која најпрво ќе бидат опфатени здравствените работници, дел од вакцините ќе бидат дадени за здратсвените работници на Инфективната клиника во Приштина.

Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу рече дека се преземени сите мерки од безбедносен аспект и оти се подготвени тимови кои ќе ја спроведуваат имунизацијата.

Досега има поставено 20 кабини од вкупно 60 колку што ќе има за вакцинација. Планираме да вакцинираме 60 лица на секој час, можеби малку повеќе граѓани. Вакцнацијата ќе се одвива 8-10 часа на ден. Секако дека првите вакцини што ќе дојдат се посветени на ризични групи според нашиот план за имунизија, рече Манастарлиу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This