April 28, 2024, 12:18 pm

АЛБАНСКАТА МАФИЈА ПОВРЗАНА СО УБИСТВО НА НОВИНАР: Убиството на словачки новинар можеби има поврзаност со албанската мафија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истрагата за убиството на словачкиот новинар и неговата свршеничка упатува кон вмешаност на албански бизнисмени од Македонија кои, наводно, имаат поврзаност со италијанската мафија Ндрангета, објавија локалните медиуми во Словачка, пренесува српскиот портал Н1.

Новите траги ја упатуваат истрагата упатуваат кон сомнителни бизниси поврзани со неколку албански семејства во Словачка кои ги истражувал Јан Куцијак.

Куцијак (27) и неговата сопруга Мартина Кушниева, беа пронајдени мртви во нивниот дом во февруари 2018 година.

Убиствата, покрај шокот и неверување низ целата земја, ја втурнаа Словачка во политичка криза.

Словачкиот премиер Роберт Фицо официјално поднесе оставка во март, помалку од три недели по убиството на Куцијак.

Убиството се смета дека е поврзано со статии кои Куцијак ги пишувал и истражувал за зголеменото присуство на “Ндрангета” во Словачка и нивното можно влијание врз владата.

Седум лица со врски со мафијата беа притворени по убиствата, но брзо беа ослободени.

“Ние работевме со Куцијак на досие за албанската мафија”, изјави Павла Холцова за весникот “Млада фронт Днес” во средата.

Весникот објави дека полицијата имала повеќе од десет верзии за тоа кој би можел да го нареди убиството на новинарот.

Холцова додаде дека соработувала со Куцијак во истражувањето на бизнисите на Ндрангета и нивните врски со словачки политичари и шемите со грантовите за европските фармери.

Таа помина низ осумчасовно полициско испрашување и и беше одзеден мобилниот телефон.

Полицијата инсистираше на тоа дека треба да им ги даде лозинките што таа ги одбила, велејќи дека имало некои чувствителни информации кои немаат никаква врска со Куцијак и со Словачка.

Масовните митинзи во Словачка следеа по убиството, прво од тој вид, откако земјата мирно ја напушти поранешната Чехословачка во 1993 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This