АЛБАНСКИОТ АМБАСАДОР ПОВИКАН НА „РИБАЊЕ“ ВО МНР: Престанете да ширите екстремистичка реторика!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Република Македонија и нејзините граѓани, вчера во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беше повикан на разговор Амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, информираат од МНР.

mnr

-На средбата беше потенцирано дека изјавите на Претседателот на Владата и Министерот за надворешни работи на Република Албанија за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија. Беше истакнато дека ваквите пораки се сериозна провокација за добрососедството кое сакаме да го негуваме. Тие прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика. Она што ни треба во регионот, е обединување околу интеграцијата во ЕУ, мир и економски напредок, се наведува во соопштението од Министерсвото.

Оттаму велат дека апелирале да се прекине со провокациите, да се почитува сувереноста и да се работи на планот на добрососедството, за доброто на сите во Регионот.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This