АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ СО АНАЛИЗА ЗА ТАРАВАРИ: Граѓаните незадоволни, болниците изгледаат како сцена од Втората светска војна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот портал „Фол“ во анализа за состојбата на здравството во Македонија и способноста на министерот за здравство Арбен Таравари пишува дека во речиси сите градови каде претежно живеат повеќе етнички Албанци, состојбата во државните болници и понатаму е алармантна. Болниците изгледаат како во сцени од Втората светска војна. Снимките се ужасни, освен недостатокот на хигиена, недостаток на подготовки и услови за работа, и зградите се стари и уништени со скапани и соби полни со мувла, пишува порталот.

 

– Лидери на оваа беда несомнено продолжуваат да бидат болниците во Тетово и Гостивар, иако тие со години се водат од страна на неуспешните директори на ДУИ, пишува „Фол“.

Порталот пишува дека загриженоста кај граѓаните е се поголема.

-И покрај надежите дека со изборот на Арбен Таравари за нов министер за здравство, конечно, работите ќе тргнат на прав пат , од овие очекувања, граѓаните почнаа да се разочаруваат и се сомневаат во храброста на министерот Таравари  да ги разреши овие неуспешни директори кои се кадар на ДУИ. Затоа, со право си го поставуваат прашањето:  Зошто министерот Таравари не ги менува  лидерите на овие здравствени центри? Да не имаат случајно некој таен договор меѓу него и ДУИ или се плаши од луѓето кои се на врвот на ДУИ и кои долги години беа министри?“, стои во анализата на „Фол“.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This