АЛИЈАНСАТА НА АЛБАНЦИТЕ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Ќе учествуваат во влада со СДС и ДУИ и ќе го добијат министерство за здравство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Движењето за реформи ДПА на Централно претседателство вечерва одлучи да биде дел од новата влада на мандатарот Заев. Како движење на ДПА им следува едно министерско место, а како Алијанса за Албанците имаат две ресорни министерства од кои другото е за локална самоуправа, изјави вечерва на прес конференција во Тетово, Зијадин Села.

sela

– Движењето за реформи на ДПА имаше централно претседателство на кое одлучивме да бидеме дел од владата, а не само да и дадеме поддршка. Како АА имаме две ресорни министерства. Нам како ДР-ДПА ни следува едно министерство и тоа ќе биде за здравство, со кое ќе раководи Арбен Таравари. Второто, за локална самоуправа ќе го добијат НДП, кои ќе треба да информираат за името – рече Села.

Партијата на Села ќе го земе министерството за здравство, каде за министер го предложија партискиот секретар Арбен Таравари.

Села додаде и дека тој е гарант за тоа дека на 15 Октомври ќе има локални избори.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This