„АЛФИТЕ“ ГИ ПРЕЗЕНТИРАА СВОИТЕ СПОСОБНОСТИ: На својот 14-ти роденден, „Алфите“ со презентација на нивните способности!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција-Алфа денеска во Центарот за обука во Идризово изведоа тактичко показна вежба и ја демонстрираа својата подготвеност за справување со различни видови предизвици. Денеска беа одбележани 14 години од функционирањето на оваа единица.

-Денес практично е незамисливо функционирањето на Секторот за внатрешни работи Скопје, како најспецифична и најсложена по обем и задачи организациона единица, без присуството на единицата Алфа во етаблираниот полициски концепт на работа на подрачјето на нашиот главен град. Всушност сето она што ја одликува и карактеризира работата на полициски службеник е обединето во секојдневието на „алфите“ – предизвиците, високиот професионализам и стручна подготвеност, нужната законитост во постапувањето. Како една од суштинските алки во системот на оперативно полициско работење единицата Алфа треба и мора да продолжи со натамошна професионална надградба и развој во сите нејзини аспекти на работење. Тоа прашање е важно, незаобиколно, и високо во приоритетите на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи- рече министерот Оливер Спасовски во своето обраќање пред припадниците на единицата Алфа.

Министерот Спасовски им посака на полициските службеници успех на професионален и на личен план, со уверување дека “алфите“ и во годините пред нас ќе постигнуваат резултати во интерес на полициската служба и на граѓаните, чии што сервис е полицијата.

„Алфите“ ги презентираа своите способности…

„Алфите“ ги презентираа своите способности…

Posted by infomax.mk on Friday, January 25, 2019

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This