„АЛФИТЕ“ НАБРКАНИ НА КЛОЦИ ОД АРАЧИНОВО: Детали за инцидентот во Арачиново во кој бил вмешан и сопругот на градоначалничката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Попладнево во скопско Арачиново се случи вооружена престрелка откако екипа на единицата „Алфи“ се обидела да уапси две лица кои биле барани по потерница

Како што дознава „Инфомакс“ од добро упатени извори, до престрелката дошло откако вработен во единцата „Алфи“, инаку близок пријател на сопругот на градоначалничката на Арачиново Милкије Халими почнал да пука кон еден од осомничените кој излегувал од својот дом со неговото дете.

“Оденаш излегоа, ниту кажаа кој се, што се, над моето возило, потоа семејство легна на земја и извикаа „Не убија!“. Не знаев кој се тие, дали се полицајци или нешто друго, одеднаш испукаа, ништо не зборуваа, дирекно пукаа во возилото и јас избегав нагоре бидејќи бев со семејството и друго не видов ништо, тоа е се.“

“Ние како жители на Арачиново не сме против тоа да функционира законот. Но, сакаме законот да го доживееме како сите останати во Република Македонија, како за сите заедници, и за нас нека биде истиот Закон.“

“Зарем немаат друго место каде да пукаат, туку пред куќата, со деца, со семејство, еве и самите гледате каде се прозорците. А и еве каде продавам лубеница. Се уплашија и децата и сите други“, се пожалија жителите.

Веднаш по престрелката, на местото на настанот се собрала поголема група на жители на селото, кои речиси насила ги избркале полициските единици од селото, барајќи од градоначалничката да си поднесе итна оставка. Освен ова, жителите барале од Халими да ургира во МВР со цел полициајта повеќе да не ги „вознемриува“ жителите на селото.

Од Милкије Халими добиле извинување за акцијата, и ветување дека полицаецот кој пукал ќе биде избркан од работа, бидејќи таа лично ќе се заангажирала истиот да биде избркан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This