Руските власти и ја одземаа дозволата за престој на американската државјанка и директорка на невладината организација за заштита на човекови права, Венеса Коган.
Портпаролката на невладината организација Ксенија Бабич изјави дека , која живее 11 години во Русија аплицираше за руски пасош, но денеска им пристигнало известување дека барањето е одбиено затоа што „ таа претставува закана за безбедноста на земјата“.
На Коган, чиј сопруг и деца се руски државјани, и е наредено да ја напушти Русија во рок од две недели.
Невладината организација со која таа раководи, е вклучена во одбрана на човековите права во ситуации поврзани со вооружени конфликти, тортура и родово насилство на територија на поранешниот Советски Сојуз.
Организацијата ги претставува жртвите во Европскиот суд за човекови права .