АМСМ апелира да внимавате: Овие патни правци се отворени за сообраќај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 9:45 часот изутрина е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински превој Стража, а на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека е укината во 09:50 часот, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

159097891295782590443622341466069n5418541

Снежните врнежи што ја зафатија Македонија го отежнуваат сообраќајот на повеќе патни правци. Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид сообраќај.

Сообраќајот на другите патишта низ државата се одвива тековно во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат низ цела територија на Македонија.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонија Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува за македонската страна на премините.

Авионскиот и железничкиот сообраќај засега се одвиваат без застои.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This