АНАЛИТИЧАРИТЕ ПРОЦЕНИЛЕ: 2020 година ќе биде година на електрични автомобили

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните неколку години дефинитивно може да се карактеризираат како години на експанзија на електричните автомобили, но тие и понатаму се многу мал дел кога станува збор за вкупната продажба.

Во текот на 2019 година, електричните автомобили учествувале со само 3,4% од продажба на возила, но аналитичарите очекуваат дека 2020 година ќе биде година на електрични автомобили и учеството во продажбата ќе се искачи на 5,5%.

Како што пренесува угледниот Guardian, експертите проценуваат дека купувачите во Европа следната година ќе имаат избор од дури 175 електрични модели, за разлика од сегашните околу 100.

Затоа, се проценува дека продажбата ќе скокне од 319.000 единици (оваа година) на околу 540,000 во 2020.

Тој број ќе продолжи да расте и во наредните години, со повеќе од 330 различни EV кои се очекуваат на „Стариот континент“ до 2025 година.

Паралелно, се очекува продажбата на EV да учествува со една петтина од вкупната продажба на автомобили во Европа до средината на следната деценија.

Зголемувањето на продажбата на електрични автомобили ќе биде водено пред се од новите, гpyби еколошки правила во Европската унија кои драстично ќе ги кaзнyвaaт производителите на автомобили за преминување на просечната граница на емисија на јaглeрoд диoкcид од 95 g на километар. За секој грам над тој лимит, производителите ќе треба да платат 95 евра за секој продаден автомобил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This