Ангелов: Ocтaвкaта на Заев е нов мoмeнт, во декември ќе утвpдимe кaкo пoнaтaму

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК и лидер на Достоинство денеска на барање на „Фокус“ ги коментираше најавите за ново парламентарно мнозинство предводено од Христијан Мицкоски. Неговата партија Достоинство не е дел од Парламентот, но е во коалицијата на СДСМ.

Ангелов вели дека повлекувањето на Заев е нов момент, а за нивните понатамошни чекори ќе одлучуваат во декември.

-Повлекувањето на претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев е нов момент за кој ќе расправаме на конгресот на Достоинство кој треба да го одржиме во првата половина на декември и на кој ќе го утврдиме правецот на нашето понатамошно политичко дејствување,  вели Ангелов.

Во однос на новото парламентарно мнозинство, Ангелов вели дека формирање на било каков вид на Влада, без разлика дали е политичка, широка, техничка, експертски или пржинска доволни се најмалку 61 пратеник.

-Иако се подразбира, сепак сакам да напоменам дека исклучително значајно при формирањето на мнозинство од 61 пратеник е да нема поткуп, закани, уцени или притисоци врз пратениците.
Од релевантните информациите кои може да се слушнат деновиве преовладува сфаќањето дека целта на новото парламентарно мнозинство се нови брзи предвремени парламентарни избори.

Сепак, тој лично не верува дека ќе се формира нова политичка влада која ќе владее во следниот период.

-Ставот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски е јасен, тој би формирал политичка влада само доколку биде сигурен дека тоа ќе биде влада со сериозен кредибилитет, влада со силни институции кои ќе гарантираат стабилност, нова енергија и ефикасност во реформите кои следат, нешто што во овој момент е невозможно имајки ги во предвид некои од ставовите на Левица кои се косат со ставовите на Алијанса, Алтернатива, Беса па и ВМРО ДПМНЕ , вели Ангелов.

Извор: fokus.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This