Андоновски: Власта не си ја заврши домашната задача, 111 сме по kopyпција, нема владеење на право и тоа и олеснува на Бугарија да не блokира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не здраво да се живее во лажни соништа затоа што тие лажни соништа носат големи разочарувања. Се сеќавате дека датумот не го добивме во 2018 онаа позната слика во авион. и оттогаш наваму чекаме датум секои 6 месеци, а тие големи разочарувања влијаат на граѓаните да се чувствуваат дека Европската Унија ни поминува низ прсти, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во Анализа на ТВ 24.

Андоновски истакна дека најпроблематично е поради таа теза на власта дека датумот само што не дошол, поддршката на граѓаните за интеграциите на Македонија драстично опаѓа. Тој вели дека наместо власта да дава лажни ветувања и да ги разочарува граѓаните, треба да си ја заврши домашната задача.

– Не се согласувам дека Бугарија успева да не попречи само поради билатералниот спор. Ако имавме ние добро досие, другите држави ќе имаа полесен простор за лобирање. По корупција бевме 62 место 2010, а денес со оваа влада на Транспаренси интернешнл сме 111 место и тоа значи дека оваа власт не се бори со корупција, рече Андоновски.

Тој потенцираше дека токму првиот кластер Фундаменти кој треба да се отвори подразбира жестока борба против корупција, а измислени кампањи кои се скапо платени не може да не спасат.

– Исто така и владеењето на правото е тука, а не може да договарате дека ќе отворате пресуди за брутално убиство на тинејџери, на припадници на полиција и безбедносни сили и да барате меѓународно расчистување, тоа не зборува за владеење на право. Кога имате вакво досие надополнето со економска криза аи лошо справување со пандемија вие немате позиција на моќ во преговорите, рече Андоновски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This