Андоновски до Петровска: Местото на СДСМ е во опозиција, добро се снаоѓате како опозиција во Советот на Град Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„За локалните избори премиерот рече дека се референдум, но на тој референдум граѓаните очигледно по втор пат после оној референдум 2018-та ви кажаа дека вие сте како партија за политичка опозиција. И гледам еве денеска од Советот на Град Скопје добро се снаоѓате во опозиција“,истакна Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „24 анализа“ на Славјанка Петровска.

Андоновски додаде дека очигледно е местото на СДСМ, а тоа е опозиција.

„Во пресот, изјавата на господинот Заев и Гаши беше користен зборот ревизија, а ако сте правник сигурно ви е познато начелото од римското право – пресудена работа, и се гледа дека денеска министерот Маричиќ ја продолжува оваа теза на релативизирање, па ние, па европските правила, ќе мониторираме како што мониторираме досега. Точно е, Европската Комисија има еден процес на мониторинг на судските процеси, но на судските процеси во тек. Кои што се во тек. Тие луѓе доаѓаат преку една од невладините организации во Македонија и ги следат судењата како тие се одвиваат. Но, не навлегуваат во судските одлуки. Што ќе следи една Комисија кога таа пресуда е донесена во 2005-та, во 2006-та година за една од предметите“, запраша Андоновски.

Андоновски ја запраша Петровска како ќе им објасни на семејствата на убиените деца од Смилковско езеро дека пак ќе се отвора случајот и ќе се чепка по нивните болни рани.

„Објаснете им на овие групи, што ги лажевте, малициозно ги лажевте две години. Две години лажевте дека чим дојдете на власт ќе се отвори вистината за Никола Младенов. Сега гледам премиерот Заев повторно го спомнува името на Никола Младенов. На човечко ниво нема политичка флоскула што може да го покрие тоа дека ќе се чепка повторно предмети кои што нанеле толку многу болка на македонскиот човек“, рече Андоновски.

Андоновски укажа дека тоа СДСМ прави за да се оформи некоја си пластелин или подобро кажано колаж коалиција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This