Андоновски: Ставовите наши и за Преспанскиот и за Бугарскиот договор се јасни, немаме позитивно мислење за двата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Анализа на ТВ 24 во врска со спорот на Бугарија и дали е можно решавање со новата влада, истакна дека и на овие трети избори, бугарското општество е поделено.

-Често во овие 20 години ни се случуваат разочарувања. Гледам еден различен дискурс кај сегашните победници, дали таа ќе биде доволна за промена на политиката ќе видиме. Останува да видиме каква ќе биде улогата на Радев. Времето е кратко за порамнување на сметите на бугарскиот пазар, Трифонов ќе биде дел од владата и не знам што Македонија направи во своето досие за последниот шест месеци од последниот самит а копањето на криптовалути во ГТЦ не е добар пример за Европа, и оставките кои висат во воздух.. – изјави Андоновски.

Андоновски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на двата договори е јасен, немаат позитивно мислење но ВМРО-ДПМНЕ уште од 90тите години во основачките акти јасно стои дека се за евроатлански интеграции, додавајќи дека доколку започнат преговорите со Европска Унија ќе се радува бидејќи тој е цивилизациски чекор напред.

-Јас ќе се радувам на отворањето на преговорите, затоа што е цивилизациски чекор напред. Ние сме се радувале на договор за стабилизација и асоцијација, влада на ВМРО-ДПМНЕ, визна либерализација влада на ВМРО-ДПМНЕ, прва позитивна препорака, влада на ВМРО-ДПМЕН, истакна тој.

Ставовите наши и за Преспанскиот и за Бугарскиот договор се јасни. Немаме позитивно мислење за двата, но кај нас во основачките акти на ВМРО од 90тата година секогаш стоеле евроатланските интеграции и ние тој став наш е бетон, бил бетон на нашите основачи, така е и денес, вели Андоновски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This