АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ СО ТОРТА ГО ДОЧЕКА НОВИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЦЕНТАР: Саша Богдановиќ го прими уверението за градоначалник на Центар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска го прими уверението за избор на градоначалник од Општинската изборна комисија.

Уверенија добија и новоизбраните советници, 16 од коалицијата предводена од СДСМ и 7 од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Саша Богдановиќ имаше примопредавање и средба со досегашниот градоначалник, Андреј Жерновски.
Богдановиќ им се заблагодари на сите досегашни советници и им го честиташе изборот на новоизбраните.

„Му се заблагодарувам и на мојот пријател, Андреј Жерновски. Ќе разменуваме искуства за да ги продолжиме сите отпочнати процеси во општина Центар-изјави Богдановиќ.

 

„Машината е запалена, сега треба да се продолжи она што се работеше. Петнаесеттина проекти се веќе почнати и документацијата е завршена за нив. Тука сум за соработка и совети“, изјави Жерновски.

Богдановиќ најави дека една од првите работи со што ќе се зафати е ревизија на „Скопје 2014“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This