АНТИЧКИ АРТЕФАКТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО СКЛАД ВО ШВАЈЦАРИЈА: Голем број на бесценети древни артефакти најдени во Женева!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Украдени, бесценети артефакти од Палмира се појавија во магацин во Женева, Швајцарија објави обвинтелството

palmira

Швајцарската полиција запленила неколку украдени артефакти од бесцарински склад во Женева, од кои најголем дел биле од Сирискиот град Палмира, објавува Женевскиот јавен обвинител, пренесува „Неуе Зукер Цајтунг“.

Вкупно девет културолошки и историски важни артефакти се запленети, и ќе бидат вратени назад од местото на потекло, изјавиле Швајцарските власти. Во меѓувреме, тие ќе бидат изложени во локалниот музеј за уметност и историја. Оперцијата открила неколку ограбени артефакти од древниот Сириски град Палмира, кој е прогласен за светско богатство од УНЕСКО, кој беше уништен и ограбен од страна на ИСИС во 2015 година.

artefakti-1

Помеѓу запленетите артефакти има неколку антички скулптури и декорации од Палмира, датирани помеѓу првиот и третиот век од новата ера. Според првичните сознанија тие до Женева пристигнале преку пристаништата во Катар и Обединетите арапски емирати.
artefakti-2

Градот Палмира датира од пред 4.000 години, а најголемиот дел од преостанатите рушевини датираа од Римското доба. Откако го преземаа градот, ИСИС уништи голем број на антички споменици, вклучително и храмот Баал Шамин и триумфалната прота.

artefakti-3

Според исламската доктрина на фундаменталистите, надгробните плочи и статуи се симболи на паганизам и идолопоклоништво и затоа ги уништуваат.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This