АНЃУШЕВ И БЕКТЕШИ НАМЕСТО ЗАЕВ НА РАБОТНИОТ ПОЈАДОК СО КУРЦ: Австрискиот канцелар Курц домакин на премиерите од Западен Балакан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Виена штотуку започна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, на кого домаќин е Австрискиот канцелар Себастијан Курц.

По откажувањето на посетата од страна на премиерот Зоран Заев, на состанокот присуствува вицеперемиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот  за економија Крешник Бектеши. Вицепремиерот Анѓушев ќе говори и на панел дискусијата каде ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Од Кабинетот на Курц потврдија дека Заев ја откажал посетата поради внатрешнополитичките проблеми во земјата.

На состанокот ќе стане збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This