Апасиев до Талат: Cтaвете и Американско знаме за да се знае кој е глaвeн тука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Талат Џафери е нашиот Че Гевара , од герила дирекно во власта, рече пратеникот Димитар Апасиев од Левица кој, како што порача од собраниската говорница неговата партија нема да гласа за реизбор на поранешниот претседаел на Собранието.

– Во левичарските кругови велат сум личел на Че Гевара, но единствен пат во историја од герила директно во Влада му се случило само на Талат Џафери, за што само може да му се честита – рече Апасиев.

Нарекувајчи го „хвалоспев“ образложението на предлагачите за изборот на Џафери, Апасиев му забележа на Џафери што како поранешен претседател на македонскиот парламент имал игнорантски однос кон предлозите на опозицијата кои најчесто завршувале во корпа. Тој забележа дека Македонија е единствена земја во светот во која во парламентот има три знамиња, иако суверенитеот на државата произлегува од граѓаните и треба да стои само знамето на Република Македонија.

Тоа не го прави ни САД, додаде Апасиев и иронично предложи да се постави уште и американско знаме за да се знае кој е главен овде.

– Му замерувам и што на оваа седница не презборе на македонски, кон почит на македонскиот народ – додаде Апасиев.

По говорот на Апасиев, реплицираше Џафери:

– Ќе прифатам дека сум Че Гевара, ако вие се согласите да бидете Фидел Кастро – рече Џафери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This