АПСУРД НА ВЛАСТА: Бараат избори додека носителот на листа на кандидати за пратеници е позитивен и седи дома

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничкиот премиер по втор пат е во излоација и вели дека се е нормално, дека ситуацијата и покрај короната и овие високи бројки на новозаразени во едно деноноќие неделава е нормална. Ако сте на таа функција и ако е нормално да седите дома и да викате јас сум во изолација, а вие одете гласајте за мене тогаш според влаедачката СДСМ може да се тераат било какви избори. Ако ова е нормално и по нивното „ново нормално“ може да се тераат било какви избори и тогаш може ќе речат и нема потреба и од гласање, рече доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

Кој ќе оди да гласа ако носителот на листа на кандидати за пратеници е позитивен и седи дома. Тоа дополнително го иритира и здравствениот персонал. Тоа значи дека ако лекарите прегледаат еден позитивен треба да одат 14 дена во изолација, посочи Николов.

Според него објективно е да се очекува дека ако растат бројките на новозаболени, Комисијата за заразни болести не можат да потпишат, дадат предлог дека треба да има масовно собирање во форма на избори дури и по протоколите за заштита од вирусот.

Во однос на изборите многу е важно да се заштити популацијата, мора да има заштитни мерки за било кои избори. И датумот многу ќе зависи од прогресија на бројките на заболени. Замислете бројката на заболени и починати да расте како што е слулај деновиве и да имаме избори ако починуваат 20 лица. Не знам кој би ги држел тие некрофилски избори. Најважно е да се смири епидемијата и да се направи проценка на ситуацијата. Јас како доктор сум скептичен дека на 5 јули е возможно да има избори по ова што се случува деновиве. Гледате има 60, па 90 и сега и повеќе од 100 заболени на ден, а може да има и повеќе. Ако продолжи така тежината за таа одлука треба да ја носат политичарите во Владата, рече Николов.

Докторот посочи дека ако се оди на избори може да зајакне вториов бран.

Треба добра анализа и добра проценка. Реалноста дека овој бран од неделава ќе падне одеднаш е еднаква на нула, рече Николов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This