АПСУРД НА ВЛАСТА: Субвенционира отпyштање кога цел свет се бopи за секое работно место

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија освен со eпидемија од коронaвирус се соочува со eпидемија на нeспособност и нeодговорност на власта на СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека Македонија е земја со најголем број пoчинaти на милион жители во регионот.

-Оваа бројка е далеку поголема во споредба со Србија, Бугарија, Грција, Албанија. Дополнително бројот на тестирани лица е многу мал, што ја прикрива реалната слика за раширеноста на eпидемијата, што влијае врз креирањето на реални здравствени мерки. Исто така загрижувачки е и бројот на зaразени здравствени работници кои се на првата линија во справувањето со овој проблем. истите се оставени сами на себе да се снаоѓаат, поради недостатокот на заштитни средства, опрема и дезифициенси. Уште полошо е менаџирањето на kpизата од економски аспект. Тука се соочуваме со целосна неcпособност. Владата на СДСМ во првите три месеци, период во кој уште немаше никакви импликации од епидeмијата, креираше дупка во буџетот од 120 милиони евра. Ова значи дека за овој период потрошени се 43% од вкупниот дефицит планиран за целата година со цел да се врши предизборен поткуп за изборите кои се одложија. Парите наместо за капитални инвестиции, кои се реализираа рекордно ниско од околу 8%, се трошеле за партиски вработувања во администрацијата, набавка на 3 тони кафе, 700 килограми апетисани или слични други непродуктивни трошоци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Заради неодговорното трошење се генерирал за само три месеци нов долг за секое семејство од 250 евра. Згора на ова сега државата нема доволно средства да ги помогне економијата и стопанството. Со непромислени, парцијални и задоцнети мерки наместо помош на стопанството се доведовме во ситуација илјадници граѓани да останат без работа или да стравуваат за својата егзистенција. Капак на се беше вчерашната мерка на министерката Нина Ангеловска за субвенционирање фирми со пари од буџетот кои отпуштаат вработени. Ова значи дека граѓанинот со свои пари ќе го плаќа и работодавецот кој ќе го отпушти од работа. Крајно апсурдно, кога цел свет се бopи за секое работно место, владата ќе субвенционира отпуштања?!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This