Арифи: Правиме проекти за одржлив туризам во шарпланиските села

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовската градоначалничка Теута Арифи која е кандидатка од редовите на ДУИ за нов мандат, денеска пред граѓаните го презентираше делот од програмата кој што се однесува за руралниот развој.
Таа го потенцира дека во досегашниот мандат се работеше на патишта, канализациони системи, заштита од поплави и свлечишта, реновирање училишта и водоснабдување, додека за иднината се подготуваат проекти за зелена инфраструктура за подобар живот и за одржлив туризам.

–Со националниот парк Шар Планина го остваривме деценискиот сонот – создадовме подлога да ја заштитиме и нашата традиција и традицијата на нашето село во иднина. Одржливиот туризам ќе создаде нови работни места, подобри приходи и нови можности не само во градот, туку и во селата. Додека ги модернизираме селата без да го оштетиме нивниот уникатен карактер, ќе инвестираме во модерна инфраструктура, туристички капацитети и реновирање. Со субвенциите за туристичко сместување ќе им помогнеме на селаните да ги основаат своите туристички бизниси преку создавање на зашитени производи од органските плодови на Шар Планина, а преку специјална програма за земјоделците ќе го промовираме земјоделството. Со стручни курсеви организирани во селата ќе обезбедиме формално образование во селата со цел да ги обучиме менаџери за туризам, да создадеме туристички водичи и да создадеме други нови работни места, изјави Теута Арифи.

Таа најави дека ќе се работи и на процесот на подобрување на јавните услуги во областите надвор од градот.

–Ќе го поврземе градот со селата преку модерни јавни автобуски линии. Ќе изградиме пунктови за јавни услуги и туристички канцеларии во селата, така што граѓаните ќе ги добиваат сите јавни услуги блиски до местото каде што живеат. Преку неделни часови на презентација на градоначалникот во секое село, ќе воспоставиме директен контакт меѓу граѓаните, лично со градоначалникот, изјави Арифи.

Во иднина во селата кои се дел од тетовската општина се најавува продолжување на патот кон месноста Бањиче, маркирање на планинарски патеки, изградба на авантуристички парк, конкретни мерки за селата во соработка со Националниот парк Шар Планина и целосна реконструкција на патот од Колтук до село Вејце.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This