Арсовски: СДСМ и ДУИ со одбивање на предлогот на Африм Гаши да биде премиер Албанец до предвремени избори покажаа дека единствено им е важно да го kpадат народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Она кое што е многу важно е дека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 4 години со цела онаа медиумска блиска армадила би рекол до власта односно до СДСМ, тука потенцирам најмногу до некои блиски луѓе до власта кои што имаа соработка со новинари и медиуми се обидоа на секој можен начин да ја оцрнат ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што нема коалиционен капацитет, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во партиското седиште насловена „Нов договор-заеднички патриотизам“.

Арсовски посочи дека единствено важно за власта е местењето на тендерите, укажувајќи дека ним не им е важно кој ќе биде премиер, бидејќи со тоа што го одбиле предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за премиер Албанец до новите предвремени парламентарни избори да биде Африм Гаши покажале дека важно им е само фотелјата за да можат да продолжат да го пљачкат народот.

Се покажа и докажа дека не само што ВМРО-ДПМНЕ има коалиционен капацитет овие избори, туку и дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што гледа напред во иднината. Зошто го говорам ова? Ова го говорам затоа што единствено на власта и е важно народски кажано да врват тендерите кои што во моментот ги имаат СДСМ и ДУИ, она криминално дуо на власта. Ним не им е важно дали ќе биде премиер од ДУИ или СДСМ, ним им е важно тендерите да си продолжат понатаму, едноставно да го пљачкаат народот, истакна тој.

Но, кога ВМРО-ДПМНЕ вчера предложи премиер Албанец до предвремени парламентарни избори, а тоа е Африм Гаши веднаш скокнаа и СДСМ, и ДУИ, односно власта и со тоа уште еднаш да покажат повторно дека ним не им е важно како ќе развива државата, ном единствено им е важно да се задржат на столчето, односно да ја добијат функцијата како некој си триумф за да можат да продолжат понатаму со целиот оној криминал кој што го прават. Напротив од сето ова, ВМРО-ДПМНЕ со новиот договор, со новата доктрина и новата политика согласно новото време, промовира нешто сосема поразлично, а тоа е издригнување на Република Македонија кое би почнало веднаш по новите предвремени парламентарни избори, рече Арсовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This