АРТАН ГРУБИ ГИ ПРЕДАЛ АЛБАНЦИТЕ: Артан Груби ги избришал Африм Гаши и Зијадин Села од листата на гласови?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот на Демократската унија за интеграција, Артан Груби, при усвојувањето на законот за јазик, повторно ги предаде албанските опозициски партии, како што направи во настаните од 27-ми април, пишува порталот бесабесе.ком

-За време на усвојувањето на законот за јазикот и неговото одобрување, кој беше изгласан со 64 гласови, претседателот на Беса, Африм Гаши и претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села гласаа за законот за јазикот, додека во меѓувреме Артан Груби ги избриша од листата Гаши и Села. На денот кога сите албански пратеници треба да бидат заедно и среќни да го унапредат законот за јазиците, за жал предавството на ДУИ не завршува. Дури и овојпат, како што пратеникот Груби неколкупати го правел против своите противници, денес го предаде истото. Оваа измама Албанците повеќе нема да му ја простат на ДУИ – наведува порталот бесабесе.ком.

Претседателот и пратеник на БЕСА, Африм Гаши, потврдува дека гласал вчера за Законот за употреба на јазиците и покрај тоа што на листингот од Собранието се уште до неговото име стои дека не гласал. Како една од причините за тоа вели дека може да е електрониката во собраниската сала, која не го регистрирала неговиот глас. Но се сомнева, како што вели, дека тоа било намерно така направено.

-Сигурно има нешто, може да е намерно направено. Како може само јас и Села според листингот да не сме гласале. Има некоја тенденција, но ако немаме докази не можеме да тврдиме – вели Гаши за „Фокус“.

Тој ќе побара од Собранието да испрати соопштение до јавноста каде ќе објасни зошто погрешно се регистрирани нивните гласови. Исто така Гаши бара да биде објавен видео материјалот од гласањето по бадинтер со кревање на рацете, како јавноста би се уверила дека тој го дал својот глас за Законот.

-Со ова се нарушува мојот углед. Не сакам во Собранието во архивата да стои дека не сум гласал – вели тој.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This