АСТРОНОМИТЕ ПРОНАШЛЕ ПЛАНЕТА СЛИЧНА НА ЗЕМЈАТА: Таа е нешто поголема од Земјата и е оддалечена за 66.5 светлосни години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чини дека нашето вселенско соседство е богато со планети. Поточно, астрономите неодамна пронајдоа нова егзопланета која е нешто поголема од Земјата и е оддалечена само 66,5 светлосни години.

Црвеното џуџе е sвезда која е 2 до 10 пати помала од Сонцето и зpaчи од 10 до 10 000 пати помалку од нашата ѕвезда.

Од 1992 досега се откриени над 4100 егзопланети и астронаутите имаат многу подлабоко разбирање за тоа како се формираат и се развиваат планетарните системи.

Според меѓународен тим предводен од астрофизичарот Ави Шпорер од Институтот на МИТ за астрофизика и истражување на вселената, карпестите планети како Земјата се многу тeшки за мерење и карактеризирање затоа што честопати се наоѓаат околу sвездите кои не се доволно светли за да овозможат подетални анализи на предметите што орбитираат околу нив.

Затоа откривањето на оваа нова егзопланета е толку значајно, пишува Science Alert.

„Во истражувањето го презентираме откритието на GЈ 1252 b, мала планета која орбитира околу џуџеста ѕвезда од типот М“, велат астрофизичарите од МИТ.

GJ 1252 b е околу 1,2 пати поголема од Земјата и има маса околу двојно поголема од нашата планета (така што е малку погуста од Земјата). Орбитира околу црвеното џуџесто сонце GJ 1252, кое има 40 проценти од големината и масата на нашето Сонце.

Егзопланетата се врти околу својата sвезда еднаш на секои 12,4 часа, што значи дека е премногу блиску до sвездата за да има на неа живот каков што го знаеме, односно секогаш се соочува со ѕвездата од истата страна.

,,Но, токму блиската орбита на оваа егзопланета е тоа што ни овозможува да ја следиме, бидејќи доволно е светлина од неговото сонце.

Колку повеќе карпести планети наоѓаме во нашето поблиско соседство, толку повеќе податоци можеме да користиме за да утврдиме колку се заеднички овие планети и дали Земјата е универзално чудо, или дали карпестите планети се всушност претежно неплодни пустини како Меркур, Венера и Марс.” , велат научниците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This