АФEРА ПOTKУП ИМ Е ЗАШТИТЕН ЗНАК: Оваа влада ќе остане запамeтена по бројните афepи за потkyп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница во Собранието на Република Македонија, се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски кој посочи дека за Клинички центар на обезбедени средства, со проект, се, власта го прекина договорот.

-Бидејќи сметале дека треба да се направи Клинички во вредност од 500 милиони евра, а тој во време на оваа власт нема да се направи, со еден збор се случи замајување на јавноста. Да не заборавиме денеска дека дискутираме затоа што имаше афeра излезена за заменик министерот, за поткуп. Не знам дали е точно или меѓутоа имаше афeра. Афepа за потkyп која што се повеќе и повеќе на вас како Влада ви е како заштитен знак, додаде Илиоски.

Илиоски појасни дека како пратениците веруваат на предлогот кој што го даваат за заменик министер е добар или ќе има успешно работење во својот ресор.

-Досега дававте многу, многу ветувања, толку многу ветувања што на еден начин вие сте во незгодна ситуација да исполните дел од тие ветувања за да се оправдате пред граѓаните што сте направиле.

Да спомнам, број на министерства помалку од 20, директно зависи од вас. Зошто не го направивте тоа? Чист воздух, кога ќе дојдете на власт воздухот ќе биде чист во Република Македонија. Две ипол години поминаа, не само што не е чист, туку е уште полоша ситуација, истакна Илиоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This