Ахмети: Ние инвестиравме во националната агенда, во застапеноста на Албанците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) синоќа од Липково продолжи со предизборен собир во Куманово каде што ја презентираше изборната програма и листата на кандидати за советници во оваа општина предводена од Арта Мехмети Адеми.

На присутните во Куманово им се обратија претседателот на ДУИ, Али Ахмети, првиот вицепремиер Артан Груби и носителот на листата на кандидати за советници во оваа општина, Арта Мехмети Адеми.

Ахмети во својот говор изрази максимална поддршка за листата на советници за општина Куманово составена од квалитетни кадри.

„Навистина се чувствувам горд на оваа инвестиција и националното богатство што го направивме во текот на овие 18 години. Нема поголемо задоволство и инвестиција кога ќе ја видите листата составена од професори и квалитетни кадри. Тоа беше сон многу години бидејќи во многу сектори, во многу институции немаше вработени, но барањата се зголемија и ние инвестиравме во националната агенда, во застапеноста на Албанците. Нашите населени места треба да се разубават и развијат како што напредувале земјите од ЕУ“, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Куманово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This