АХМЕТИ СО ИЗЈАВА ПО СОСТАНОКОТ: Ја анализираме најдобрата одлука за Македонија, за Албанците и Македонците и сите граѓани на државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателството во проширен состав на ДУИ не донесе одлука вечерва за коалиција за формирање Влада, а неофицијално состанокот ќе продолжи утре во 14.00 часот

ahmeti_izjava

Инаку, тежок политички маратон се случуваше во Мала Речица. Раководството на  ДУИ со часови заседаваше зад затворени врати во партиското седиште. Градоначалникот Изет Меџити, сепак се вратил на состанокот јави РСЕ. Невзат Бејта, Изет Меџити и Теута Арифи го напуштија состанокот на Централното претседателство на партијата. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи за телевизија Алсат изјави дека тие состанокот не го напуштиле поради тензија, туку поради замор и потребата да се одморат. Според него, дебатата е конструктивна и верува дека наскоро ќе биде донесена одлука.

ТВ 21 постави видео снимка на која се гледа дека автомобилот на Невзат Бејта вечерва стигна пред седиштето на СДСМ.

https://www.youtube.com/watch?v=B_5zqJ1LUPQ

Бујар Османи претходно рече дека на маса, се уште се отворени сите пет опции, коалиција со ВМРО ДПМНЕ, со СДСМ или широка коалиција, или да одат во опозиција или на нови избори. Во меѓувреме од партиски извори дознаваме дека Меџити се вратил на состанокот каде се уште се дебатира дали ДУИ ќе коалицира со ВМРО ДПМНЕ.

Во меѓувреме, ТВ21 обезбеди и кратка изјава од претседателот на ДУИ кој изјави дека во ДУИ се анализира најдобрата одлука која ќе биде од корист на Албанците, Македонците, Србите, Власите и сите други граѓани на Македонија, но и ќе обебеди стабилност и сигурност во државата.

https://www.youtube.com/watch?v=vHnACJs_cdg

За посетата на Бејта на седиштето на СДСМ, Ахмети изјави дека бил знаел дека Бејта е на состанок во СДСМ имајќи предвид дека тој е претседател на партијата.
По излегувањето од состанокот на ДУИ во Мала Речица, Невзат Бејта се упатил во седиштето на СДСМ во Скопје, каде како што дознаваме од Заев барал гаранции дека нема да биде гонет за неговите криминали како градоначалник на Гостивар.

Од партиски извори дознаваме дека Заев до раководството на СДСМ порачал дека ќе вети и ќе излаже се што е потребно, само да не се оствари коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Поради овој став тој имал отпор во партијата, но бил спремен да предизвика етнички и меѓупартиски судири како вовед во нова криза, знаејќи дека само тоа може да го одржи на слбода и во политичкиот живот.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This