Ахмети: He плaниpaм да пoднecaм ocтaвka, точно е дека има фpakции во ДУИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во неговото вечерашно интервју за емисијата „Клик Плус“ која се емитува на телевизија Тв21 вели дека не планира, за скоро време, да си поднесе оставка и дека нема причина да го направи тоа.

Тој ова го истакна по пишувањата во медиумите од пред неколку дена, кои пренесуваа дека по исказот на Ахмети во Специјалниот Суд на Косово, лидерот на интегративците ќе си поднесе оставка.

Ахмети, за овие пишувања рече дека тиа имаат некоја позади нарекувајќи ги теории на заговор против него.

-Јас не размислувам да дадам оставка, немам причина за тоа. Пласираниет вести за мојата оставка имаат некоја скриена позадина. Јас ќе поднесам оставка тогаш кога ќе проценат моети соработници, членовите и активистите на ДУИ. А пишувањата во медуимите за моја оставака ги сметам за теории на заговор, рече Ахмети.

Тој појасни дека во Специјалниот Суд во Косово е повикан како основач на УЧК но дека на знае за што точно ќе го прашуваат за време на интервјуто.
Ахмети ги коментираша и несогласувањата кои во последниов период се многу актуелни, за кои јасно потврди дека постојат фракции во самата партиа. Тој истакна дека во една партија е многу нормално е да има различни размислувања и дека тоа е многу здраво за една партија како ДУИ во која владее демократијата.

-Јас барав да се легализираат фракциите во ДУИ, јас не сакам едномумие да владее во ДУИ. Во секој огранок се прават разни дебати и тоа е здраво. ДУИ е демократска партија, додаде Ахмети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This