Базенот на нилскиот коњ Буцо во Зоолошката е опремен со радијатори кои ќе ја загреваат водата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За нилскиот коњ Буцо во скопската зоолошка повеќе нема зима. По шест години смрзнување во ладната вода, конечно базенот на Буцо е опремен со радијатори кои ја загреваат водата, па сега може да си се бања на раат во топла вода.

-Нашиот Буцо изминатите шест години во зима седел во студ. Неговото водно живеалиште немало соодветно затоплување цели шест зими вклучувајќи ја и онаа најстрашната пред две години, но не биле преземени мерки да се реши проблемот. Директорот Ѓорѓи Галетановски, веднаш реагираше и поставивме парно греење – четири радијатори во водата. Сега Буцо, нилскиот коњ е на топло како и сите останати животни во Зоолошката градина, велат од ЗОО Скопје.

Пред две години од скопската зоолошка и од живеалиштето на Буцо е дислоцирана неговата мајка и е префрлена во битолската зоолошка. Од ЗОО Скопје велат дека префрлањето на мајката на Буцо е за да не дојде до инцест бидејќи се мајка и син.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This