БАЛКАНОТ ПРЕД ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА: Србија ќе го смета чинот на признавање на геноцид од страна на Заев за објавување на војна!

Поврзано

- Advertisement -

Лидерот на опозиционата СДСМ Зоран Заев го известил Централниот одбор на партијата за коалициониот договор со албанската партија ДУИ- пишува српски Информер

- Advertisement -

zaev_siptar_informer

 

Тој договор помеѓу останатото, предвидува и Одлука со која Србија ќе се терети за геноцид над Албанците во македонија помеѓу двете светски војни.

Оваа одлука не била позитивно прифатена од Централниот одбор, а Заев за да ја спушти топката образложил дека тоа не е опасно за Македонија, бидејќи вината ќе бидела на Србија и Владата на Србија, која во тоа време била надлежна за  поранешната Вардарска Македонија.

На критиките од некои членови на Централниот Одбор Заев, изнесил аргументи дека доколку Албанците не биле убиени, ќе ги имало сега многу повеќе во Македонија и ќе биле без никаков проблем влезени во уставот како конститутивен народ.

Освен што се согласил да ја обвини Србија за геноцид, Зоран Заев, пишува Информер, во преговорите со ДУИ се согласил и албанскиот јазик да стане официјален јазик во Македонија. Тоа конкретно значи, појаснува српскиот портал, дека во земјата се ќе биде испишано на два јазика, од името на државата на граничните премини преку називите на институциите до текстот на банкнотите.

Исто така, македонскиот јазик ќе стане задолжителен во Собранието, на телевизија и во сите државни и јавни установи.

На крајот, пишува порталот, Зоран Заев се согласил да ги промени државните симболи знамето, грбот и химната за во нив да вткае „албански елементи“.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, за Информер потврдил дека во „Македонија се одвива неморално сценарио кое ја заобиколува волјата на мнозинството граѓани“.

– Тоа сценариот треба да резултира со редефинирање на државата и уништување на македонскиот идентитет. Неговата основа е обединување околу платформата од Тирана и рифаќање на условите наметнати од албанските политички партии. Немаме прецизни податоци што е договорено меѓу СДСМ и ДУИ, но повеќето теми изложени во јавноста за нас се целосно неприфатливи. Ќе сториме се што треба за да го спречиме ова сценарио, рекол Котевски за Информер.

Шефот на српската дипломарија Ивица Дачиќ порачал дека Македонија, ако ја усвои политиката „за српски геноцид“, ќе предизивка сериозен скандал.

-Ако е ова вистина, тогаш тоа ќе остави тешки последици. Србија адекватно и реципрочно и цврсто ќе одговори.

Потполковникот на КОС во пензија Љубан Каран за Информер вели дека сево ова е последица на стратегијата на Западот за нарушување на мирот на Балканот.

-Ако Заев заради власт биде подготвен да ги продаде интересите на македонскиот народ, зошто тогаш не би бил дел од албанскиот заговор против Србија? Јасно се гледа дека нападите врз Србија ги креира моќна рака од Западот. Ако само Србија искрено сака мир, мали се шансите да се зачува и покрај отстапките, вели Каран за Информер.

 

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This