БАРААТ ДА ОДИ ВО КAPAHTИН: МДС бара Димитров да преземе мерки по патувањето во Шпанија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако во соопштението на Македонскиот дипломатски синдикат не се споменува конкретно патување од таму индиректно посочуваат на посета што се случила на 19-20ти Февруари кога министерот за надворешни работи Никола Димитров и придружна делегација беа во посета на Шпанија.

Тогаш Шпанија имаше речиси 300, а денес има 3.000 заразени од Коронавирусот.

Во својата денешна објава МДС го повикува раководството на МНР да се придржува до Законот за административни службеници и да го почитува членот 73 ст. 19 според кој непридржувањето кон прописите за заштита од болест, безбедност и здравје при работа претставува дисциплински престап, се вели во соопштението кое го испратија во медиумите,

Во продолжение на соопштението се наведува:

По природата на својата работа, вработените во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство на дневна основа доаѓаат во фреквентна физичка комуникација со лица од странство и домашни лица кои престојувале во странство. Со тоа дипломатијата влегува во редот на ризични професии од повисок интензитет.

И покрај тоа, раководството на МНР сеуште нема преземено елементарни мерки за заштита на своите вработени од ширење на Корона вирусот. Како Синдикат побаравме од раководството преземање соодветни мерки и барем набавка на средства на дезинфекција на раце. За жал, по кој знае кој пат, не бевме удостоени со одговор. Ваквата практика на игнорирање не ги решава проблемите, туку напротив, тие остануваат да тлеат и да се натрупуваат. А ги има многу.

На страна што игнорирањето на вработените ги надминува дипломатските, туку тоа ги надминува и нормите на доброто однесување. Најмалку што Министерството за надворешни работи може да направи за здравствена заштита на своите вработени е да одговори на барањата на македонскиот дипломатски синдикат и конкретно да се активира на планот на превенција и заштита на вработените. Што поитно тоа го стори, штетата ќе биде помала.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This