БАРНАБИЌ ВО СКОПЈЕ: Српската премиерка во посета на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Брнабиќ во Скопје ќе оствари средба со Зоран Заев, а пред посетата на главниот град, тие ќе остварат средба на граничниот премин Табановце – Прешево со што ќе го означат почетокот на работата на овој интегриран премин меѓу двете држави.

За време на престојот во Скопје, предвиден е состанок на делегациите на двете влади и потпишување на повеќе договори за соработка, како и изјави за медиумите на премиерите Заев и Брнабиќ.

Договорот меѓу владите на двете земји за заедничка контрола за меѓународен патни сообраќај на граничниот премин Табановце -Прешево, беше потпишан во Белград минатиот месец, од страна на министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и Небојша Стефановиќ, кој и двајцата министри го означија како нов импулс во односите и на пријателството меѓу двете држави.

„Уан Стоп Контрол” е новост, има историско значење и голема важност за Македонија, бидејќи прв пат се потпишува ваков договор со државите од соседството, изјави министерот Спасовски по потпишувањето на договорот.

– Важноста на овој договор е големо, бидејќи ќе овозможи побрз проток на луѓе и на стоки помеѓу Македонија и Србија на оваа граница. Ова ќе им помогне и на граѓаните и на стопанството, што е важно, за да имаме подобар животен стандард и во двете држави, нагласи Спасовски.

Српскиот министер Стефановиќ пак оцени дека со договорот за „Уан стоп контрол” на поинаков начин ќе се регулира граничниот премин Прешево – Табановце.

– Овој премин ќе овозможи преку поинаквата регулација да имаме побрз проток на луѓе, патници и стоки, сето она што овозможува граѓаните на нашите две земји, но и оние кои транзитираат, полесно, поефикасно, побргу и поекономично да дојдат до своите одредишта, што ќе им помогне и на економиите на нашите земји, побрзо да се развиваат, изјави Стефановиќ. /

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This